Забава Избор

Успешен концерт на Четкар во Белград

Белград, 14. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот македонски гитарист Владимир Четкар одржа успешен концерт во српската престолнина.

Настапот се одржа во свечената сала на елитниот белградски хотел „Радисон Блу“, која за оваа прилика беше комлетно распродадена.

– Во преполната сала владееше исклучителна позитивна атмосфера, а публиката која непрестано играше и пееше на авторската музика на Четкар, таа вечер како да се претвори во дел од бендот. Овој концерт беше организиран од страна на белградскиот колектив „Loud Minority Belgrade“, информираат од тимот на Четкар.

Четкар настапи заедно со Милош Николиќ на труба, Младен Лукиќ на тромбон, Александар Петковиќ на тенор саксофон, Ѓоле Максимовски на бас гитара и Виктор Филиповски на тапани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави