Спорт

УЕФА: Ригорозна казна за Аријан Адеми

Нион, 21. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дисциплинската комисија при УЕФА обелодени дека Аријан Адеми е суспендиран од фудбалските терени дури четири години откако македонскиот репрезентативец бил позитивен на допинг тестот по мечот од ЛШ меѓу Динамо Загреб и Арсенал.

Адеми вчера бил на ново сослушување пред „комисијата“, и иако се очекуваше поблага казна, УЕФА сепак ја изрече максималната суспензија за македонскиот интернационалец.

Адеми нема право на жалба, што значи дека тој воопшто нема да може да се занимава со фудбал во следните 48 месеци и неговата фудбалска кариера е доведена во опасност.Динамо Загреб е шокиран и бесен на изречената суспензија која ќе му ја уништи кариерата на македонскиот репрезентативец.

Не престануваат коментарите за оваа тема низ Европа а сите се согласни дека казната од УЕФА е ригорозна, бидејќи фудбалери од познати клубови за истата работа добивале многу помали казни, а УЕФА уште еднаш го покажала двојниот аршин, за големите мајка, за малите маќеа. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави