Избор Охрид

Охрид ќе биде домаќин на туристичката конференција „Adventure Next Balkan 2016“

Охрид, 29. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Работните групи на Секторот за туризам од швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид, одржаа состанок.

Охрид го посетија Пјетро Бертиели, професор по менаџмент со специјални фокус групи во туризмот на Универзитетот „St. Gallen“ од Швајцарија и Габриела Крешини, фокус лице за туризам на „СВИС Контакт“ од Швајцарија, кои реализираа средба со Ангел Јанев, заменик градоначалник на општина Охрид.

На состанокот беше утврдена методологијата за управување со туристичка дестинација по која што ќе се развива Охрид со поддршка на „IME“ програмата.

Средбите на работните групи се дел од подготовките за претстојната конференција „Adventure Next Balkan 2016“ која што ќе се одржи во Охрид од 10 до 12 мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ohrid.gov

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави