Економија Избор Охрид

Сликај се и добивај слатки награди – СЛАДОК ДЕКЕМВРИ со „ТАМАРО“ маркетите

Охрид, 1. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети, со почетокот на опследниот месец оваа година, продолжуваат со пријатните изненадувања за своите потрошувачи.

Овој пат им нудат „СЛАДОК ДЕКЕМВРИ“, затоа што, како што велат од „Тамаро“, знаат дека чоколадата ја сакаат СИТЕ, слатките ги сакаат СИТЕ, а и празниците ги сакаат СИТЕ.

sladokdekemvri2

– Затоа Ви нудиме слатко изненадување во пресрет на празниците – „СЛАДОК ДЕКЕМВРИ“. Се` што треба да направите е да се сликате во слатката рамка во еден од нашите маркети. Фотките ќе ги објавиме на нашата официјална страна на Facebook, а потоа следуваат слатките изненадувања. Следуваат неделни награди за најдобрите фотки и СПЕЦИЈАЛНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ пред Нова година. Сликајте се на посебно обележаните места во нашите маркети, велат од „Тамаро“.

Синџирот „Тамаро“ маркети од неодамна доби и нов член, односно, новиот маркет отворен во центарот на Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави