Избор Охрид

Судската администрација во Основниот суд Охрид, се приклучи на предупредувачкиот штрајк на национално ниво

Охрид, 3. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вработените во судската администрација во Основниот суд Охрид, денес им се приклучија на нивните колеги од повеќето градови од републикава и излегоа на предупредувачки штрајк.

Судските службеници се незадоволни од, како што велат, неповолните законски решенија донесени со Законот за судска служба од 2014 година.

2

– Од моментот на донесување на овој закон, ние судските службеници, преку Синдикатот на УПОЗ и Здружението за судска асминистрација во неколку наврати преку одржани состаноци, испративме забелешки и предлози за измена на законот, одржавме тркалезна маса и други слични активности, преку кои го манифестиравме нашето незадоволство од Законот, но за жал денес истиот непроменет останува на сила, велат од судската администрација од ОС Охрид.

3

Судската администрација потсетува на неколкуте забелешки кои ги имаат: постапката на донесување, временскиот период во кој законот бил донесен, законски обврски кои во себе содржат репресивен и рестриктивен карктер, или карактер на дискриминација, како и голем број законски одредби кои биле недоречени и треба да подлежат на оценка на уставноста од страна на Уставниот суд на Република Македонија.

– Овој закон беше донесен во нетранспарентна и скратена постапка, под изговор дека се вршат измени на постојниот закон, беше извршена измена на целиот закон. Законот беше донесен во многу краток временски период, додаваат од судската администрација.

4

Доколку и со предупредувачкиот штрајк не се постигне целта, од УПОЗ и ЗСА информираат дека ќе продолжат со преземање на други мерки во насока на остварување на целта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави