Спорт

Барселона го договорила Нолито

Барселона, 4. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на весникот “Мундо Депортиво” пред неколку дена преставниците на Барселона и Селта го договориле трансферот на Нолито на „Камп Ноу“.

Крилниот играч кој пред неколку години беше дел од “Б” тимот на Барса се враќа во екипата во зимскиот трансфер период.Луис Енрике потврдил дека во јануари сака да донесе нови играчи ,но не прецизирал за кого станува збор.

Весникот наведува дека Нолито нема да биде купен веднаш, туку оваа зима ќе дојде на позајмица во Барселона, со опција неговиот комплетен трансфер да биде реализиран во јуни. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука