Скопје, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Откако јавноста се крена на нозе за смртта на 9-годишната Тамара Димовска, обвинувајќи ги здравствените власти и лекарските комисии за прераната смрт на девојчето, Фондот за здравство експресно донесе одлука за лекување во странство на 12-годишната Мартина Стојковска од Струмица, кој исто така има искривен рбет, а болеста се повеќе прогресира и нејзината здравствена состојба се повеќе се влошува, пишува Фокус.
Од Фондот за здравство денеска стигна соопштение дека е одобрено девојчето, да се лекува на државна сметка.
Пред неколку дена, во јавноста излезе апел од нејзиното семејство до сите хумани луѓе, да донираат пари за девојчето да може да отиде да се оперира во Турција. За операцијата се потребни 40.000 евра. (Крај)
извор: ОхридПрес/Фокус фото: архива