Струга, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот на заедницата на општина Струга, во среда, на 18-ти февруари, ќе се одржи средба со членовите на Комисијата за урбанизам.
На средбата ќе учествуваат: Мирче Аџиески, Арбан Лита, Даме Ложанкоски, Фитни Далипи, Гранит Лена, како и раководителот на секторот за урбанизам при Општина Струга, Ресул Хани.
– Средбата е отворена и сите заинтересирани ќе можат да поставуваат прашања и да се дискутира за проблемите и предизвиците во оваа област, а се во надлежност на општината (дозвола за градба, урабанистичкиот план на градот, легализација на објект и сл), информираат од Центарот на заедницата на Општина Струга, од каде додаваат дека како дел од своите предвидени активности за тековната 2015 година во месеците февруари-март имаат закажано отворени денови со раководителите на секторите во општина Струга и членовите на советот кои учествуваат во комисиите во рамки на општината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива