Македонија

Обвинетите од Диво насеље негираат дека извршиле напад

Скопје, 8. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – „Не сум виновен не сум извршил тероризам“, оваа реченица ја кажаа сите обвинети за мајските настани кога 8 полицајци загинаа а над 30 беа повредени.

По седум месеци истата група повторно се собра но сега во судница и сите со лисици на рацете. Надвор од судницата судовите ги обезбедуваа специјалци како никогаш до сега, а надлетуваше и хеликоптер. Обвинетите не признаваат тероризам тврдат дека биле нападнати од полицијата и дека се бранеле. Нивните адвокати тврдат дека имаат докази дека полицијата дента имала задача да врши претрес во куќите и ги нападнала. Налогот за претрес според одбраната во доказниот материјал не постои.

Дека групата била следена потврдија и од обвинителството. Десет дена припадниците на криминалната банда биле следени со посебни истражни мерки. По настаните кај караулата Гошинце кога беше украдено поголемо количество оружје и инцидентот во Куманово, биле собрани биолошки траги и брисеви кои со споредбена анализа со властите на Косово и форензичка истрага потврдиле дека, истите луѓе биле на двете места каде се пукаше во полцијата. За адвокатите истрагата не е готова. Бараат случајот да го преземе специјалната обвинителка Катица Јанева.

Од одбраната приговараат дека уапсените не можеле да зборуваат во истрага бидејќи биле многу тепани и не им била пружена медициска помош. Велат дека не биле сослушани и дел од полицајците кои требало да кажат со каква намера кога и зошто полицијата упаднала во населбата.

Судот ги слушна аргументите на одбраната и ќе врши оценка на обвинителниот акт дали ќе го прифати или ќе го врати на доработка. Рокот за одлука е 8 дена. Рочиштето го следеше ОБСЕ а пред почетокот возило од Американската амбасада беше паркирано пред обвинителството за организиран криминал каде висок претсавник на амбасадата се информиал како течат подготовките се судењето. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави