Избор Охрид

Светски ден за човекови права

Охрид, 10. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува 10-ти декември, Светскиот ден за човекови права.

Прифатената во 1948 година Повелба за човекови права се смета за неформален устав кој ги гарантира правата на човекот. Таа ги признава човековите права и слободи како дадени по раѓање, обезбедува рамноправност и гарантира заштита од насилство, лош третман и казни кои влијаат на човечкото достоинство.

Заедничките напори на меѓународната заедница за гарантирање на човековите права продолжуваат и денес. Денот во кој во 1948 година е усвоена Повелбата за правата на човекот – 10 декември, е прогласен за Светски ден на човековите права. ОН усвои шест договори за основните човекови права: Меѓународен договор за граѓанските и политичките права; Меѓународен договор за економските, социјалните и културните права; Договор против насилството; Договор за превенција на расната дискриминација; Договор за превенција на дискриминацијата на жените; Договор за правата на децата. На овој ден се одбележува усвојувањето од страна на Генералното собрание на ОН на Повелбата за човекови права, која им припаѓа на сите луѓе за еднакви права и слободи по раѓање.

Прифатената на 10 декември 1948 година Повелба за правата на човекот се состои од вовед и 30 члена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави