Економија Избор

Во мај догодина започнува производството во „ОДВ Електрик“ во Охрид

Охрид, 10. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за економија Беким Незири вчера беше во обиколка на технолошко-развојните зони во западниот дел на Македонија, при што оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „ОДВ Електрик“ која веќе има своја браун-филд производствена инвестиција во Охрид.

Во врска со германската компанија „ОДВ Електрик“, која е препознатлив бренд, активностите во градежниот дел се одвиваат согласно предвидената динамика, со очекување во мај месец идната година да започне со работа и капацитетот во охридско-струшката зона.

– Во технолошко-развојните зони во охридско-струшкиот регион и во Кичево веќе имаме две компании кои веќе се оперативни во браун-филд инвестиции, а истовремено се одвиваат активности за изградба на производствени капацитети во слободните економски зони. Целта на посетата е и да видиме како се одвиваат градежните зафати во зоните, а и на лице место да видиме како се одвива процесот на производство, истакна министерот Незири. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави