Вашингтон, 29. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Луѓето кои страдаат од синдром на хроничен замор, многу често имаат мозочни аномалии, покажува истражувањето објавено во американското медицинско списание Radiology.
Истражувањето е направено со различни техники на скенирање на мозокот.
Синдромот, исто така познат како миалгичен енцефаломиелит, се карактеризира со одржлив и необјаснет замор, која трае со месеци, дури и години, и покрај паузите. Мијалгија значи болки во мускулите, а енцефаломиелит – воспаление на главниот и ‘рбетниот мозок.
Истражувачите откриле кај пациенти кои страдаат од овој синдром, имаат аномалии во два делови на мозокот кои го поврзуваат предниот дел и темпоралниот лобус. (Крај)
извор: АФП фото: архива