Економија Избор

Автопатот од Гостивар до Кичево ќе го заобиколи преминот Стража

Охрид, 10. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Новиот автопат од Гостивар до Кичево ќе го заобиколи преминот Стража.

Со завршувањето на новата делница, ќе престанат долгите колони при патувањето кон Охрид. Коридорот 8 ќе добие целосно автопатско заокружување. Во моментов се гради автопатот на правецот Охрид – Кичево, кој треба да биде завршен до 2018 година.

Кичево и Охрид ќе се поврзат со автопат, долг 57 километри, кој ќе чини 375 милиони евра. Овој автопат треба да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави