Струга, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Стружанец бил искасапен од глутница кучиња во центарот на градот.
Како што велат стружани, повторно се актуелизирал проблемот со кучињата скитници, а во последните години бил се поалармантен. Според засегнатите граѓани, последниот случај на нападнат граѓанин од кучиња скитници, бил еден од трите слични кои се случиле во една недела.
Иако е предвидена 20.000 евра казна за општината, а 5.000 евра глоба за градоначалникот која нема да изгради стационар за кучињата скитници, во Струга во моментов има најголем број на кучиња-скитници.
Граѓаните не можат слободно да се движат по улиците од многубројните кучиња-скитници кои неретко слободно си шетаат и во глутници. А многу често ги напаѓаат минувачите. (Крај)
извор: ОхридПрес/I LIke Struga фото: I LIke Struga