Избор Охрид

Апел до граѓаните да не минуваат со возила по чаршијата

Охрид, 14. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од Секторот за сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани, да не минуваат со возила низ охридската чаршија.

Покрај возењето на несоодветно место, возилата ги уништуваат и новогодишните реквизити кои деновиве се поставуваат по чаршијата. Надлежните потсетуваат дека светлечките украси се под висок електричен напон и затоа не треба да се допираат со раце.

Новогодишното декорирање на Охрид треба да заврши во текот на оваа недела. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука