Свет

Убиени 75 лица при немири во Етиопија

Адис Абеба, 19. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Организацијата “Хјуман рајтс воч” соопшти дека најмалку 75 лица се убиени за време на протести во Етиопија во последниве недели.

– Полицијата и армијата пукале во демонстранти, a убиени се најмалку 75 демонстранти, многу други се повредени. Така тврдат локални активисти, се наведува во соопштението на “Хјуман рајтс воч”.

Од страна на официјална Адис Абеба сеуште нема реакција. Претходно претставник на етиопските власти изјави дека пет лица загинаа во демонстрации. (Крај)

извор: AFP фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука