Спорт

ЕЛ: Црвена Звезда се пласира во Топ 16

Белград, 19. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Црвена Звезда се последни патници во Топ 16 фазата во Евролигата, откако синоќа во последното коло во “А” групата, го победија Баерн Минхен со 85-76.

Во драматичен натпревар со многу пресврти Црвена Звезда одигра брилијантно во последната четвртина и успеа да го елиминира Баерн.Втората фаза во евролигата ќе започне на 29-ти декември и ќе трае до 16-ти април, а првите четири најдобри екипи од групите ќе се пласираат во четвртфиналето.

Група Е: Фенербахче, Ефес, Панатинаикос, Дарушафака, Локомотив, Црвена Звезда, Цедевита, Уникаха.
Група Ф: Олимпијакос, Химки, Реал Мадид, Лаборал Куча, Барселона, Жалгирис, ЦСКА Москва, Бамберг. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука