Анкара, 29. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера 18 рудари се блокирани на 300 метри под земја во рудникот за јаглен во Турција, објави „Дејли мејл”.
Рудникот се наоѓа на 500 километри јужно од Анкара. Локалните власти соопштија дека причината рударите да останат под земја е поплава во делот од рудникот од подводни води. Шансите за преживување на рударите се минимални освен ако тие не успеале да стигнат до безбедната подземна галерија.
На местото на трагедијата работат неколку спасувачки екипи. Спасувачите се обидуваат да ја испумпаат водата, но засега не е воспоставен контакт со рударите. (Крај)
извор: Дејли Мејл фото: архива