Спорт

Демијан Даф се пензионира

Шамрок, 22. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот репрезентативец на Република Ирска, Демијан Даф, соопшти дека става крај на својота 20-годишна играчка кариера.

36-годишниот Ирски фудбалер настапуваше за младинскиот тим на Блекбурн, по што направи трансфери во Челси, Њукасл и потоа Фулам.

Даф со екипата на Челзи освои две титули во Премиер лигата и една во Лига-купот на Англија, додека со Њукасл освои  титула во ФА Купот.Со екипата на Фулам во 2010 година стигна  до финалето од Лигата на Европа . (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука