Избор Спорт

Годишни признанија од АФМ за охридски атлетичари

Охрид/Скопје, 26. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Атлетиската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2015 година.

Охриѓанката Мартина Мироска доби признание во категоријата млади младинци.

Додека во категоријата најуспешен тренер поединечно беше прогласен охридскиот тренер Влатко Димитров од Атлетскиот Клуб „Охрид“.

Беа доделени награди во сите возрасни категории, како и најуспешните тренери, а признанија за животно дело добија Ристо Трајкоски, Зоран Михајлов и Митре Кически. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука