Скопје, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – БЕСТ Скопје го најавува шестото издание на овогодинешниот инженерски натпревар EBEC.
Настанот ќе се одржи во просториите на кoмпанијата Endava која е оваа година домаќин на инженерскиот натпревар. Под слоганот – Solve the puzzle, be a part of EBEC, следуваат три возбудливи денови, форумска расправа и официјално отварање за првиот ден, додека останатите два се натпреварувачки денови во две категории и тоа: Case study и Team design.
Победниците од двата натпреварувачки денови ќе продолжат на регионално ниво во Белград, Србија, па можеби и потоа на големото финале во Порто, Португалија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36