Избор Охрид

Во акцијата на „Чист Охрид“ се собираа пластични шишиња и се чистеше СЦ „Климент Колески“

Охрид, 28. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Организацијата „Чист Охрид“ вчера спроведе акција за чистење на просторот околу Спортскиот центар „Климент Колески“ и околу О.У. „Григор Прличев.

Околу основното училиште активистите на акцијата собираа најразличен отпад, остатоци од храна и паковки оставени од дел од несовесните ученици.

– При реализирање на акцијата наидовме на два бетонски „бунари“ кои беа до врв полни со ѓубре, кое очигледно е таму веќе подолг временски период, велат од „Чист Охрид“.

Активистите реагираат што спортскиот центар кој се наоѓа во склоп на училиштето не се одржува и чисти.

Активистите на „Чист Охрид“ ја искористија нивната акција да изразат поддршка на протестот кој се оддржа во Скопје против енормното загадување на воздухот.

Исто така младите имаа поставено пункт за депонирање на пластични шишиња пред Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Chist Ohrid

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави