Избор Струга

Првото новороденче во Струга е машко

Струга, 1. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Првото новороденче во 2016 година во струшката болница е момче. Од болницата информираат дека бебето е родено во 6 часот и 55 минути со царски рез, а веднаш потоа на свет дошле уште две бебиња.

Бебето и мајката, како што посочуваат од болницата, се чувствуваат добро. Од Одделението за гинекологија и акушерство во Струга очекуваат уште најмалку три бебиња во текот на денот.

Новогодишната ноќ во Струга поминала без инциденти. Брзата помош немала никакви интервенции, а немало нарушување ниту на јавниот ред и мир.

– Мирна и безбедна беше новогодишната ноќ во Струга. Во градот и околните неселени места не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, немаше сообраќајна незгода, ниту друг безбедносен настан, изјавија од СВР Охрид.

Полициски службеници, според него, и денеска се во централното градско подрачје и околните места. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави