Забава Избор

Во сабота концерт на Четкар во Њујорк

Њујорк, 4. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 9-ти јануари во 20:15 часот, Владимир Четкар ќе го одржи својот прв концерт оваа година во Менхетен, Њујорк.

Концертот ќе го одржи во познатиот концертен клуб ДРОМ каде ќе настапи со Септет во кој ќе членуваат извонредните Њујоршки инструменталисти Арон Хенри на тенор саксофон, Коди Ролинс на труба, Кори Волис на тромбон, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Мото Фукушима на бас и Џефри Фахардо на тапани.

Четкар ќе се претстави со свој композиции и аранжмани а билетите кој се веќе пуштени во продажба можат да се набават на официјалната страна на клубот.

Новогодишната ноќ Четкар имаше ретка привилегија работно да ја помине во Кони Ајланд, во клубот Елдорадо заедно со прочуените Ники Сиано (официјалниот Ди Џеј на легендарниот Студио 54), како и со диско соул ѕвездите Мелба Мур, Рејчел Флеминг и ДиСи Лару со кого Четкар вечерта заедно настапи на сцена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука