Најмладите охриѓанчиња и годинава го навестија раѓањето на Христос
Охрид, 06. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Неколку стотини деца од Охрид се дел од свечената поворка што на денешниот празник Бадник го навестува раѓањето на Исус Христос, пеејќи на песната „Вечниот Бог“.
Овој настан кој се организира по трет пат започна во црквата „Свети Ѓорѓија“, по што и продолжи до охридскиот плоштад па се’ до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
На градскиот плоштад е поставена посебна Бадникова пештера, каде дечињата ќе добијат подароци.
Целта на овој проект е повторно заживување на некогашната стара, изворна, духовна традиција за прослава на празникот, прославен со поворка, која традиционално се прави на Бадник.
– И самиот Христос на земјата дојде како дете, и на своите ученици им порача „бидете како деца бидејќи децата знаат непрестано да се радуваат, велат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |