Избор Охрид Празници

Христос се роди! Честит Божик

Охрид, 07. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Со свети архиерејски литургии утрово започна славењето на големиот православен празник Рождество Христово – Божик.

Православните верници не само што ја продолжуваат преку 20 вековната традиција на една од првите нации кои се со верата на Христос, туку уште еднаш со радост го слават спасоносниот настан – доаѓањето на Бога како човек на земјата.

По синоќешната бадникова посна трпеза, утрово се посетуваат најблиските цркви, а потоа следи подготвувањето на богатата и свечена божикна трпеза.

bozik-640x360Божик е празник кој се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Светлината и гласот на ангелите се првите вести кои ги виделе и слушнале пастирите за раѓањето на Спасителот. Во црквата овој празник почнал да се празнува кон крајот на третиот век.

Божик се празнува со многу внимание и почит. На Божик рано утрото почнува со Богослужба во црквите. По службата се дели причесна, а искараните треба да се помират меѓу себе и да се поканат на гости. Се вели „Пред Божик , зад Божик дома да си“, што симболизира дека станува збор за свет господски празник кој треба да се прослави во кругот на семејството во домашна атмосфера. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: agapi.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука