Избор Охрид

Охрид на листата најубави градови од републиките на поранешна Југославија

Охрид, 20. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Поранешна Југославија поседувала повеќе прекрасни градови, за разлика од било која друга република или светска земја, пишуваат хрватските списанија, специјализирани за туризам.

Градот Охрид се најде на листата на најубави градови во поранешна Југославија. Поради својата природна убавина и историја, Охрид е ставен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Хрватските блогери пишуваат дека речиси секој Македонец се обидува да оддели најмалку еден викенд од годината во кој ќе го посети Охрид и ќе ужива во неговите убавини.

Охрид се најде на оваа листа заедно со градовите Љубљана, Загреб, Белград, Будва, Дубровник, Мостар. (Крај)

извор: tiptravelmagazine/ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука