Економија Избор Охрид

Денес обуки за сметководители во подрачното одделение на УЈП во Охрид

Охрид, 22. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи – Даночна академија во Охрид денес ќе организира обуки за сметководители.

Обуките се однесуваат на регистрација/дерегистрација, измена на даночен период за цели на ДДВ. Организатор на обуките е Управата за јавни приходи, Даночна академија.

Обуките се без финансиски надоместок, а нивото на едукација ќе биде општо. Ќе стане збор за теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави