Избор Охрид

Припадниците на заедницата на србите во Охрид го одбележуват Савиндан

Охрид, 27. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денес е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија.

Со црковна молитва и традиционално сечење на светисавскиот колач, припадниците на заедницата на србите во Охрид ќе го одбележат својот светец-заштитник, Свети Сава.

Годинава ваквото традиционално одбележување на празникот ќе биде по 9-ти пат. Прославата ќе биде во ресторанот „Белведере“ со почеток во 13 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука