Спорт

Конта и Кербер во полуфиналето на Австралија Опен

Мелбурн, 27. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Џоана Конта и Анжелик Кербер ја формираа втората полуфинална двојка на Австралија Опен кај дамите.Првиот полуфинален пар е составен од Серена Вилијамс и Агњешка Радванска.

Британската тенисерка Конта во своето прво четвртфинале на некој Грен слем ја победи кинескињата Шуаи Женг со 6-4, 6-1.

Kerber

Германката Кербер ја победи фаворизираната Викторија Азаренка со 6-3, 7-5 и се избори за своето трето Грен слем полуфинале, прво на Австралија Опен. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука