Охрид, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од 24-ти до 26-ти март оваа година во Охрид ќе се одржи работилница, која ќе ги заинтересира професионалните студија и фотографи, кои се занимаваат со снимање и фотографирање на свадбени церемонии.
Настанот е во организација на Zaga Production, студио за фотографија од Битола, кои својата работилница ќе ја преселат во Охрид. Основачи на ова студио за фотографија се Бојан и Далибор Митковски. Работилницата ќе биде во ко-соработка со фотографското студио „Haldigital“ на Христо Лазаров.
Во текот на трите денови, додека трае работилницата, заинтересираните фотографи ќе имаат можност да се запознаат со неколку современи техники на фотографирање, како REAL 4K, правење кратко видео, менаџирање на снимените материјали во студио, снимање и фотографирање на парови, уредување и правење на њубовна приказна преку фотографија и видео, уредување и врамување на професионални фотографии и слично. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива