Свет

ЕУ ја предупреди Грција за границата

Атина, 28. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Европската комисија је предупреди Грција дека би можело во мај да се соочи со дополнителни гранични контроли со други држави во Шенген зоната доколку не ги поправи, како што се наведува, „сериозните пропусти“ на надворешните граници на Шенген.

Членките на Европската унија почнаа се поостро да ја критикуваат Атина за тоа како се справува со бегалската и мигрантската криза. Неколку земји веќе воспоставија вонредни контроли на нивните граници и предупредија дека би можело да ја исклучат Грција од Шенген зоната.

Грција на заканите одговори дека министрите за внатрешни работи на состанокот во понеделникот заклучиле дека Турција го држи клучот за справување со кризата. „Обидот да се изолира Грција не е конструктивен“, изјави портпаролот на грчката влада Олга Геровасили. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука