Избор Охрид

ЦИВИЛ ќе зборува за слободни избори во Охрид

Охрид, 28. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе организира јавен настан „Сите за слободни избори“ во Охрид.

Настанот ќе се одржи на 30 јануари, сабота, во 12:00 часот.

На настанот се поканети сите советници во Општина Охрид, претставници на сите политички партии кои функционираат на локално нивo, претставници на граѓанскиот сектор, на медиумите, соработниците на ЦИВИЛ, како и граѓан(к)и на Охрид. Говорници и медијатори ќе бидат претставниците на ЦИВИЛ, а покрај емитување (видео бим) на видео содржини од продукцијата на ЦИВИЛ Медиа кои досега не биле објавени на националните електронски медиуми, ќе биде организирана и фото – петиција „Јас сум за слободни избори“, делење флаери и материјали на ЦИВИЛ, и секако „Отворен микрофон“ со граѓан(к)ите.

Настанот „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ кој го спроведува Цивил –Центар за слобода во соработка со повеќе организации и иницијативи на граѓанското општество.

Основната цел е да се зајакне јавната свест за изборните нерегуларности. Проектот е финансиран од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави