Забава Избор

Утре започнува настанот Global Game Jam во Охрид

Охрид, 28. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА и оваа година ќе организира Global Game Jam, повторно во рамките на глобалниот настан.

Годинава на Скопје и Битола, им се приклучува и Охрид.

Додавањето на Охрид е добра вест која покажува дека во Македонија има се повеќе креатори на видеоигри. Организаторите се надеваат дека оваа година ќе биде надмината бројката од над 160 учесници од 2015 година.

Global Game Jam ќе се одржи од утре до 31 јануари во Seavus Education and Development Center во Скопје, Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола и на Универзитетот св.Павле во Охрид. Ќе учествуваат програмери, уметници во 2Д и 3Д, музичари и сите кои ги сакаат видео игрите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука