Избор Охрид

Урбанистички точки преовладуваат на денешната Седница на Советот на општина Охрид

Охрид, 29. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денес со почеток во 11,00 часот ќе се одржи 50-та седница на Советот на општина Охрид.

На дневен ред ќе бидат, меѓу другото и точките за Одлука за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија и Одлука за стопанисување и одржување на детско игралиште.

Ќе се расправа за донесување на повеќе Детални урбанистички планови за изградени објекти, вклопување на бесправно изградени објекти и донесување урбанистичко плански документации во Лескоец, Пештани, Љубаништа, Косел, Велгошти, Елшани, Лакочереј и Коњско. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука