Избор Охрид Струга

Во угостителски објекти во Охрид и Струга одземени повеќе литри алкохол и кутии цигари

Охрид/Струга, 29. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Тимови на царинарница Битола при извршена контрола на продажба на акцизна стока во трговски друштва на територијата на општините Охрид и Струга, констатирале неправилности.

zaplena 3

Во угостителски објекти во Охрид и Струга се одземени повеќе литри домашна ракија, странска ракија, узо, коњак и кутии цигари.

Утврдено е дека алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе за продажба, не поседувале сертификат за здравствена исправност што ги прави потенцијално опасни за здравјето на луѓето.

zaplena

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни постапки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: custom

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука