Здравје

Мал е ризикот вирусот зика да дојде во Македонија

Скопје, 30. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Има многу мал ризик за вирусот зика, кој преку комарци се шири во двете Америки и кој кај бремените жени предизвикува да родат деца со помали глави, да пристигне во Македонија.

На оваа укажаа македонските здравствени стручњаци по разгледување на глобалната епидемиолошка состојба со новиот тропски вирус. Но, и покрај ова Македонија се подготвува да се заштити од овој вирус, а на луѓето кои имаат намера да патуваат кон двата американски континенти им се порачува да бидат внимателни и да се заштитуваат со средства против комарци.

Посебно треба да бидат претпазливи бремените жени, на кои дури им се порачува да не патуваат во земјите каде што го има овој вирус. Засега ни Светската здравствена организација не воведува рестрикции за патување во земјите кои се зафатени со вирусот зика. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука