На денешен ден е роден охридскиот револуционер Климент Шапкарев
Охрид, 30. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јануари 1875 година во Охрид е роден Климент Шапкарев, македонски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, син на истакнатиот етнограф и фолклорист Кузман Шапкарев.
Се школувал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и се зачленува во тајниот револуционерен кружок, заедно со Гоце Делчев и Петар Васков.
По завршувањето на гимназијата во 1892 година изучува биологија и хемија. Станал учител во Самоков.
Бил делегат на Рилскиот и Ќустендилскиот конгрес.
Во пролетта 1941 година се населува во Битола, каде што исто така, предава во земјоделско училиште. Таму умира во 1949 година.
Климент Шапкарев е автор на брошурата „Спомени и мисли за Гоце Делчев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: promacedonia
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |