Избор Култура

Изложба во Скопје на аналогна фотографска меморија на охриѓанецот Бимбилоски

Скопје/Охрид, 30. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва со почеток во 20:00ч во центарот Јавна соба во Скопје, се отвора изложбата „Деновите на Тетрис“, исклучително интимно гледиште на еден светски патник претставено низ призма на фото запис.

Влезот за сите посетители е бесплатен.

Алек Бимбилоски, охриѓанец, кој живее на релација Охрид – Њујорк, успева да ги отслика миговите и животот на поединци во една субкултура, во едно поранешно време кое со својата оригиналност е предвесник и е од суштинско значење за развитокот на културните моменти и денешната субкултура којашто е делумно прифатена.

– Во исто време авторот ја задржува и врската со своите корени во Македонија и преку одредени симболики компарира и поттикнува дебата и буди спомени. Изложбата е вешто осмислена компилација на фотографии регистрирани со аналоген фотоапарат, каде што во преставените интимни ситуации има едни кои се покогнитивни за нас и се истовремено општествено прифатливи, додека оние кои се разликуваат не се посакувани или се сметаат за крајно провокативни. Експлицитноста и јачината на пораката од фотографиите, поттикнуваат критика и навраќање кон минатото, кон ерата пред дигиталната фотографија и интернетот кои ги донесоа со себе фотографиите со најинтимните мигови на еден човек во социјалните мрежи, се вели во критиката за неговата вечерашна изложба.

AlekBimbiloski3

Алек Бимбилоски има објавувано фотографии на групните изложби МОДЕРНА ТУРЦИЈА – Petit Palais Paris, “СОНОТ И ГРАДОТ” – Центар на Модерна Уметност Le Blanc Mesnil, “БОРБА”- Antwerp, за списанијата “L’Officiel”-Paris, “Jalouse”-Paris, “Vogue”-Italia, “Flaunt”-New York. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Bilbiloski/Javna soba

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука