Спорт

Левандовски бара поголема плата од Баерн Минхен

Минхен, 7. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) -Полскиот интернационалец Роберт Левандовски го направи првиот чекор кон трансфер во Реал Мадрид.

Напаѓачот започнал преговори со Баерн за нов договор, но сака да добива 18 милиони евра годишно со што би станал убедливо најплатен фудбалер во Баерн и во Бундеслигата.

Шпанските медиуми шпекулираат дека ова е дел од стратегијата на Реал Мадрид да го донесе Левандовски на „Сантјаго Бернабеу“, откако претходно тој ќе го влоши својот однос со управата на Баерн. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука