Македонија

„Ендава“ од Скопје ќе испорачува ИТ-проекти за глобалната осигурителна компанија „Бизли“

Скопје, 11. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната компанија за ИТ-услуги, „Ендава“, што има канцеларии во Лондон, Њујорк, Франкфурт, Њу Џерси и Атланта, објави дека влегува во партнерство со специјалната осигурителна компанија „Бизли“.

Соработката ќе се искористи со цел на „Бизли“ да им се обезбеди широк пласман на технолошки услуги меѓу кои се тестирање, развој и проектен менаџмент. Во период од минимум пет години, договорот ќе му овозможи на „Бизли“ да ја забрза доставата на својот глобален инвестициски план.

Огнен Лопарски, шеф на одделот за развој во Скопје, вели:

– Кога ги отворивме новите канцеларии во Скопје, сместени веднаш до Камениот мост, си поставивме цел: да го прошириме тимот и на нашите луѓе да им понудиме извонредни можности во кариерата преку работа за интернационални клиенти. Партнерството со „Бизли“ е голем чекор напред во остварувањето на таа цел. Тоа нѝ овозможува да соработуваме на сите технички нивоа, да се посветиме на најдобрите стандарди во индустријата кога е во прашање квалитетот на нашата работа и да ги отстраниме активностите кои не додаваат вредности. Ова ќе го постигнеме преку постојано применување принципи за континуиран развој во рамки на изработката на софтверот, истакнува Лопарски.

Бен Спенсер, прв човек на секторот за информации во „Бизли“, изјави:

– На почетокот им пристапивме на „Ендава“ поради нивните способности за тестирање на системи и на наше задоволство преку овој договор врската ќе вклучува и услуги за развој како и проектен менаџмент. Се радуваме на идната соработка со „Ендава“ со цел да го забрзаме доставувањето на нашата технолошка платформа со која ја поддржуваме иновацијата на продуктите и извонредната услуга што ја обезбедуваат нашите тимови за кредитоспособност и побарувања, вели Бен Спенсер.

Кели Феган, шеф на глобалниот оддел за осигурување на „Ендава“, истакна дека компанијата е среќна што „Бизли“ токму нив ги одбрал за партнер. Според него, тоа е потврда на заложбата на „Ендава“ да обезбеди квалитетна услуга поткрепена со техничко знаење.

– На соработката со „Бизли“ гледаме со нетрпение и очекуваме градење успешна бизнис-врска во текот на многу следни години, рече Феган.

Ова е еден од најголемите договори што организацијата досега ги потпишала со осигурителна компанија и тој служи како доказ за способноста на „Ендава“ да комбинира длабоки индустриски познавања, водечки експертизи во Agile и дигитална трансформација, како и инженерски вештини од доставни центри во Централна и во Источна Европа, со цел компаниите да се поддржат во извршување на нивните долгорочни програми.

Скопје станува значаен центар за „Ендава“, имајќи предвид дека повеќе од 100 луѓе распоредени во тимови се вклучени во значајни проекти за германски телекомуникациски компании, британски осигурителни компании, платежни компании во Обединетото Кралство, образовни институции во истата земја, како и спортски тела во Швајцарија. На тој начин тие го зајакнуваат портфолиото испорачувајќи вредности за глобални бизниси од полето на финансиите, осигурувањето, медиумите, технологијата и издаваштвото како и во индустриите за малопродажба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави