Избор Охрид Хроника

Нема траги на насилство врз телото кое беше пронајдено во кампот „Партизан“

Охрид, 17. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено денес во кампот „Партизан“ во населбата „Воска“ во Охрид.

Ова беше констатирано од стана на докторите на охридската Брза помош, откако беше извршен увид и медицинскиот преглед врз телото кое денес беше пронајдено во кампот.

– Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител во содејство со полициски службеници на СВР Охрид, констатирано е дека се работи за 49-годишниот Есад М. од Охрид кој во СВР Охрид беше пријавен за исчезнат на седми овој месец. Според наводите во пријавата поднесени од неговиот брат, сега починатиот последен пат бил забележан на втори февруари годинава, а неговото место на живеење било во камп приколка од Феријалниот сојуз во населбата „Воска“, информираат од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, во текот на утрешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави