НБА: Бруклин Нетс го отпушти Џо Џонсон
Бруклин, 26. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Бруклин Нетс го отпушти прескапиот кошаркар Џо Џонсон. Нетси за оваа одлука сепак ќе мора да плаќаат пенал бидејќи Џонсон е отпуштен по склучувањето на договор.
Џонсон во Бруклин ја играше последната година од договорот според кој требаше оваа сезона да заработи неверојатни 25 милиони долари.Високиот договор кој сега му истекува (124 милиони долари за шест години) Џонсон го потпиша во 2010 година во Атланта.
Се претпоставува дека искусниот бек за многу помалку пари ќе оди во некоја од екипите кои се во игра за плеј-офот,а тоа се Атланта, Бостон, Кливленд, Хјустон, Мајами, Оклахома и Торонто. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |