Забава Избор

Кајмакоски претставник на Македонија на шоуто „Твоето лице звучи познато“

Белград/Струга, 27. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во третата сезона на регионалното забавно и музичко шоу „Твоето лице звучи познато“, македонски претставник ќе биде стружанецот Даниел Кајмакоски.

Пробите за првата емисија од новата сезона веќе се одржаа, и се очекува наскоро да почне да се емитува.

Минатата година Македонија ја претставуваше Елена Ристеска, која беше второпласирана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука