Избор Хроника

Шестмина охриѓани од кои еден малолетник вршеле кражби во фабрики

Охрид, 1. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 31 до 33 години и еден седумнаесетгодишник поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“и едно кривично дело „кражба“.

Во периодот од септември 2015 година до февруари 2016 година, пријавените ги извршиле тешките кражби во пет фабрики, од кои три на подрачје на Ново Село-Дебрца и две на подрачјети на Охрид. Кражбата ја извршиле на градилиште на автопатот Охрид-Кичево, при што одзеле метални шипки, 500 кгр. бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори стекнувајќи се со противправна имотна корист од 369.000 денари. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави