Струмица, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска во село Костурино, струмичко, додека полициски службеник од полициската станица Струга вршел редовна работа по пријава од граѓанин за нарушен јавен ред и мир и додека разговарал со Ж.К.(47), бил физички нападнат од лицата Н.К.(21) и З.К.(19).
Друг полициски службеник од службениот пиштол испукал предупредувачки истрел во воздух, заради заплашување, а напаѓачите продолжиле да се закануваат, а потоа Ж.К. и Н.К. со патничко возило побегнале и на влезот на Гевгелија предизвикале сообраќајна незгода удирајќи во две службени возила на МВР на РМ. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 91