Спорт

УЕФА на една година го суспендира Галатасарај од Еврокуповите

Нион, 3. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Турскиот фудбалски клуб Галатасарај следната сезона нема да може да се натпреварува во Европа откако УЕФА го суспендира поради кршење на финасискиот фер плеј.

Турскиот клуб оваа сезона ја започна во ЛШ, каде во група со Атлетико Мадрид, Бенфика и Астана го освои третото место, но подоцна во Лига Европа беше елиминиран од Лацио.

Галатасарај е втор турски клуб кој е исфрлен од европските купови од страна на УЕФА, претходно во 2011 година, екипата на Фенербахче заработи тригодишна суспензија поради местење на натпревари во турскиот шампионат. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави