Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Златко Китановски е третиот охриѓанец, кој учествуваше на забавниот квиз „Се’ или нешто“.
Во новата сезона на квизот, Китановски досега е единствениот охриѓанец, кој во синоќешното издание освои 5 илјади денари. Тој за време на шоуто се шегуваше дека ќе го повтори успехот на една негова сограѓанка, која на квизот освоила поголема сума на пари, но среќата не му беше целосно наклонета. Китановски е графички дизајнер и велосипедист.
Охриѓани не се меѓу најпасионираните играчи на игри на среќа, но во изминатите неколку години, неколкумина од нашите сограѓани освоиле прилично вредни парични и стокови награди.
Во 2010-та година, проект на младиот охриѓанец Александар Лекоски Леко, беше избран од Т-Мобиле, во рамките на наградната игра за најоригиналната идеја за пикник. Леко тогаш ја освои премијата и во Охрид беше организиран пикник на вода.
Потоа, пред неколку години, охриѓанка освои автомобил на наградна игра со грепки на Лотарија на Македонија.
Додека во првата сезона токму на забавниот квиз „Се’ или нешто“, охриѓанка освои 250 илјади денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива