Култура

Во Струга премиера на детската театарска претстава „Јованче и Марика“

Струга, 9. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сабота, 12-ти март Драмското студио „Миладин“ ќе ја изведе премиерата на детската театарска претстава „Јованче и Марика“.

Претставата е во драматизација и режија на Ристе Миладинов, а за сценската и ликовна изведба се погрижи Јованчо Угреновиќ.

Во претставата играат актерите:
Јованче – Андреј Чабасоски,
Марика – Марија Чочороска,
Таткото – Илија Ќосески,
Маќеата – Љубица Дуноска(Бубе),
Вештерката – Моника Коруноска,
Птицата – Сара Србакоска,
Јоја – Сара Георгиева,
Јојо – Бојан Крстески

Прикажувањето е со почеток во 18 часот, а влезот е 60 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука