Економија Избор Охрид

Во Охрид во јануари годинава издадени 5 одобренија за градба

Охрид, 9. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во јануари годинава во Охрид биле издадени вкупно 5 одобренија за градење што е мало зголемување во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 66 милиони 462 илјади денари.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 4 се за физичко лице, а едно одобрение за деловен субјект.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 48 станови со вкупна корисна површина од 2 887 метри квадратни. Од предвидените станови најголем број се еднособни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука